Вести Економија Македонија Топ вести

Програмерите имаат повисока плата од пилотите и банкарските службеници во Македонија

Највисока нето плата во ноември лани имале информатичарите и програмерите. Според Државниот завод за статистика просечната плата во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности изнесува  74.062 денари или околу 1.204 евра.

Програмерите всушност се единствената професија со просечна плата повисока од илјада евра месечно.

Во топ 3 најплатени професии влегуваат и вработените во воздухопловството и во фармацијата.

Просечна плата во секторот Воздухопловен транспорт е 52.032 денари (околу 847 евра), додека во секторот Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати таа изнесува 47.086 денари (околу 767 евра).

ДЗС објави дека во ноември лани просечната плата изнесува  29.130 денари (околу 474 евра), додека просечната месечна исплатена бруто-плата (со здравствено и пензиско осигурување и данок) била 43.509 денари или околу 707 евра.

Банкарските службеници и вработени во финансиските институции се на 5-тото место односно во секторот финансиско-услужни дејности без осигурување и пензиски фондови, ноемвриската просечна нето плата изнесувала 46.114 денари.

Во складирањето на стоки и нивен превоз во просек земале 157 денари повисоки плати од банкарите односно по 46.271 денар.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.6, односно во ноември лани нето просечна плата била повисока за 5,6 % во одбос на истиот месец претходната година.

Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен имало во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.5 %) и Информации и комуникации (11.3 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе