Вести Ковид19 Македонија Топ вести

33 годишна жена почина на Инфективното одделение во Битола – немала позитивен тест за Ковид-19

33 годишна битолчанка утрово почина на Инфективното одделение во Клиничката болнициа во Битола, само неколку часа откако синоќа е хоспитализирана со симптоми на коронавирусот.  Таа немала  тест за потврден ковид -19.  Се  јавила   на преглед поради отежнато дишење и кашлица. Сепак состојбата и се влоши во текот на ноќта по што утринава младата жена почина.

– И покрај преземенате реанимација  кај пациентката настапила смрт. Поради тоа,  телото е предадено на судск- медицинска обдукција за да се утврди причината за смртта на пациентката. Во медицинската документација не се евидентирани коморбидитети. Освен дека пациентката била обезна, а исто така не била вакцинирана против КОВИД 19 изјави за Телма, Билјана Гагачовска, директор на Клинилак болница Битола

Инаку ова 411 жртва на коронавирусот во Битола, а бројките на позитивни секојдневно драматично растат.  За само една недела има околу 1000 новозаболени. Засега најмногу притисок има во амбулантите на КОВИД центарот, но растат и бројките на хоспитализирани.

-Во текот на 24 часа има од 120 до 170 прегледи, а вкупно се хоспитализирани 66 пациенти, од кои 26 се лежечки, а 40 се во дневна болница хоспитализирани, вели Гагачовска.

Од  почетокот на пандемијата, во изминатите 2 години во земјава од ковид почнаа 8100 лица, повеќето  над 60 годишна  возраст, но вирусот беше смртоносен и за голем број млади луѓе, како и за  неколку  новороденчиња. Последна жртва меѓу најмладите е бебе на 6 месечна возраст, кое во почина на Клиниките во Скопје на  почетокто од јануари.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Дејан Дејан

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Урсула фон дер Лајен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе