Децата повеќе фаќаат корона дома отколку во училиште е главниот аргумент за комисијата за заразни болести која денеска пресече да нема продолжување на зимскиот распуст.
Училишните врати за основците и средношколиците се отвораат в четврток а комисијата се водела по искуствата од земјите во регионот.
Kомисијата за заразни болести смирува откако следеа бурните реакции на родителите и синдикатите на просвета кои стравуваат од дополнителен епидемиолошки бум.
„ Ги разгледувавме сите искуства од регионот каде што праксата засега е настава со физичко пруство. Дополнително беа изнесени емпириски податоци на комисијата дека децата повеќе се заразуваат дома отколку во училиште а тоа е потврдено и со последните статистички податоци од бројот на заразени,“ се дел од изнесените аргументи и заклучоци на комисијата за заразни болести
Предлогот на комисијата да не предложи продолжување на распустот следи откако денеска новиот министер по денешната смена во кабинетот за здравство, Беким Сали иницираше итен состанок на комисијата.
Сали за Телма вели дека одлуката треба да се донесе во согласност со министерството за образование, а темата тој ќе ја отвори и на владината седница, прва на новата влада.
Вратите се отвораат и за ученциите, но и за можноста новиот сој Омикрон брзо да се рашири кај просветните работници преку учениците.
Преголема е опасноста и потребно е продолжување на распустот согласни се од независниот синдикат за образование и наука.
Учениците седнуваат во клупа во ист период кога 11,000 луѓе за само 16 дена по новата година се заразиле со корона вирус.
Процентот на заразност е секој петти од тестираните, а повеќе од 16 илајди граѓани се справуваат со болеста.
Изминативе неколку недели, здравствените власти одбиваат да носат промени во мерките против заразата со аргументи дека притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.
Сепак, од денеска функцијата министер за здравство Венко Филипче му ја предаде на колегата Беким Сали со очекување дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството, се наведува во честитката на Филипче.
Павле Беловски