Ракомет Спорт

Ѓоковиќ и Барти први носители во Мелбурн

Организаторите на Отвореното тениско првенство на Австралија денеска ги потврдија носителите на турнирот и за први фаворити се поставените водечките на АТП и ВТА листите, Новак Ѓоковиќ и Ешли Барти.

Иако се уште не е соопштена одлуката за судбината на светскиот рекет број 1 кај мажите, Ѓоковиќ очигледно дека ќе добие дозвола за учество на првиот Гренд слем откако е поставен за прв носител на турнирот пред Данил Медведев, Александер Зверев и Стефанос Циципас. Зад првите четири следуваат Андреј Рубљов и Рафаел Надал.

Кај дамите прва носителка е Ешли Барти, втора фаворитка е Ирина Сабаленка,а мешу првите четири се уште Гарбиње Мугуруза и Барбора Крејчикова. Отвореното тениско првенство на Австралија почнува в понеделник на 17 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Манчестер сити сериозно заинтересиран за Тиџани Реијндерс од Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе