Вести Свет Спорт Тенис Топ вести

Сагата на Ѓоковиќ за да игра на Австралија Опен продолжува и утре

Светскиот рекет број еден ја доби првата битка во федералниот суд.  Судијата кој ја сослуша неговата жалба пресуди во негова корист и го одби барањето на австралиската влада да се укине визата на Ѓоковиќ и да биде депортиран.

Според судијата Ентони Кели – Ѓоковиќ се чини дека го добил потребното медицинско ослободување од вакцинацијата против Ковид-19 пред да отпатува во Мелбурн на тенискиот турнир Австралија опен и приложи докази за тоа кога слетал во средата навечер.

Но, сепак се уште не е готово. Сега се е во рацете на министерот за имиграција, кој според законот, може да го искористи своето лично овластување и сепак да му ја укине визата. Еден од основот според кој може да биде депортиран српскиот тенисер е закана по јавното здравје. Се додека не се донесе оваа одлука, Ѓоковиќ на кого му беше дозволено заедно со адвокатите да биде дел од сослушувањето, може повторно да е приведен и да биде вратен во хотелот за мигранти.

Во меѓувреме, излегоа документите кои беа изложени на судењето. Според нив, на самиот влез од аеродромот Ѓоковиќ бил испрашуван од властите за имиграција. Прашан дали е вакциниран, што е услов за влез во Австралија, Ѓоковиќ одговара дека не е вакциниран. Следните документи, кои доводеоа до оваа одлука на австралиските власти, велат дека на тенисерот му е одобрена виза на 18-ти ноември. На 16-ти декември има позитивен тест за ковид и истиот ден е снимен на три настани, каде ниту еден од присутните не носи маска. Следниот ден доделувал пехари на младински турнир. А на 22 декември веќе имал негативен ковид тест, за на 30 –ти декември да биде медицински изземен од ковид вакцинација.

Тенис Австралија, која го води турнирот и ја организира логистиката за повеќе од 2.000 играчи и нивните тимови, наводно давала неточни информации на играчите за медицинските ослободувања од вакцинација. Тоа го вклучува и толкувањето дека доколку некој прележал ковид во измиатите шест месеци ќе биде ослободен. Претседателот на тенискиот турнир не сака никого да обвинува, но вели дека тенисерите добивале контрадикторини информации кои постојано се менувале.

Секоја недела разговаравме со министерството за внатрешни, разговаравме со сите од владата за да се осигураме дека ја правиме вистинската работа и вистинскиот процес со овие изземања, но фокусирани на моментот дека секој што доаѓа треба да е вакциниран. Значи, спротивставените и контрадикторните информации што ги добил тој (Ѓоковиќ) се поради променливата средина. Се наоѓаме во предизвикувачка средина за сите што се вклучени во овој процес, изјави Крејг Тили, претседател на Австралија Опен.

Австралискиот министер за миграција имаше рок од 4 часа да ја донесе одлуката дали Ѓоковиќ сепак да биде депортиран, но истата се пролонгира до утре. Ако ја поништи судската одлука, на светскиот рекет број еден ќе му биде забранет пристап во Австралија во наредните три години.

Алиса Шутиноска 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе