Скопјани останаа со ладни радијатори среде зима. Градските власти, менаџментот на компаниите што ги снабдуваат граѓаните со топлинска енергија и Владата си ја префрлаат одговорноста.
Цените на енергенсите на светските берзи се во нагорна линија, но тоа што во Македонија со децении отсуствува сериозна енергетска политика дополнително ја влошува состојбата.
Вечерва во Топ тема со Наташа Стојановска гостуваа Крешник Бектеши, министерот за економија, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје и универзитетскиот професор, Горан Рафајловски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.