Ракомет Спорт

Петмина позитивни ракометари пред заминувањето за Унгарија

На редовното тестирање пред заминувањето за Унгарија пет македонски ракометари имале позитивни резултати на инфекција со корона вирусот.

“Во рамки на подготовките за претстојното ЕП 2022 (Унгарија – Словачка) македонските репрезентативци утре наутро ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин.

Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени Ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19).

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин – Унгарија , а првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија”, се вели во соопштението на Ракометна федерација на Македонија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе