Вести Свет Спорт Топ вести

Австралиската влада се закани дека дури и судот да го ослободи Ѓоковиќ – тој повторно може да биде приведен

Обидот на австралиската влада да го одложи разгледувањето на жалбата на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на одлуката на австралиската гранична контрола за негова депортација, беше одбиена од страна на судијата кој одлучува за случајот.

Централната австралиска влада побара сослушувањето на Ѓоковиќ да биде одложено до среда, но по одлуката на судијата сепак ќе се одржи утре во утрински часови, поточно на полноќ во Недела по средно-европско време.

34 –годишниот Ѓоковиќ доби медицинско изземање од задолжителната вакцинација за сите учесници на тенискиот турнир кој започнува на 17-ти Јануари. Неговите адвокати вчера поднесоа документ на 35 страници со кој тврдат дека тој ги исполнува критериумите за изземање од задолжителната вакцинација заради скорешната инфекцијата со Ковид-19, потврдена со позитивен тест од 16-ти Декември.

Во одговорот на Австралиската влада објавен на 13 страници, најважна е заканата дека дури и судот да донесе одлука да го ослободи Ѓоковиќ од притвор, тие имаат право повторно да го приведат и дека судската одлука не е никава гаранција дека Австралија нема повторно да го приведе најдобриот светски тенисер.

На Ѓоковиќ му беше одбиен влезот во Австралија откако минатата недела слета во Мелбурн, каде требаше да ја брани титулата на Отвореното тениско првенство на Австралија. По речиси 10-часовното задржување на царината, Ѓоковиќ беше пренесен во имиграциски притвор а неговиот адвокатски тим ја подготвуваше жабата на одлуката на австралиската влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе