Спорт Фудбал

Катар домаќин на фудбалскиот мундијал, Македонија со шанса за пласман во елитата

Во оваа 2022 година ќе се одржи уште едно големо натпреварување. Катар во ноември ќе биде организатор на фудбалскиот Мундијал, 22-ри по ред на кој постои шанса за прв пат во историјата дел да биде и македонската репрезентација.

За пат  во историјата овој дел од светот ќе биде домаќин на најдобрите фудбалери на планетава. Воедно ова ќе биде прв пат битката за престижниот трофеј да се одржи кон крајот на годината, но високите температури во текот на летото ја принудија ФИФА шампионатот да се организира за време на натпреварувачката сезона.

За потребите на првенството изградени се осум стадиони чија вредност се проценува на 1,6 милијарди долари, но се чини дека буџетот ќе биде уште поголем и  се очекува сумата да достигне и преку две милијарди.

Првенството во Катар најверојатно ќе биде последно на кое ќе партиципираат 32 селекции, а веќе за четири години бројката ќе се зголеми и на шампионатот во 2026-тата ќе учествуваат рекордни 48 национални тима.

Можност за место меѓу најдобрите има и репрезентацијата на Македонија, која по одличните настапи во квалификациите се избори за учество во баражот. Патот до Катар е тежок, потребна е елиминација прво на Италија, а потоа и на подобриот од мечот меѓу Португалија и Турција, а дополнителна отежнувачка околност е фактот што двете средби би ги играле на гостински терен.

Сепак оваа генерација има квалитет  рамноправно да се носи со најдобрите репрезентации и да веруваме дека можеме да ја искористиме шансата и за само една година повторно да бидеме дел од едно големо натпреварување.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе