Едно од последните неизградени земјишта во Кисела Вода, Расадник, ќе се уредува преку меѓународен конкурс откако градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски го стопираше проектот на неговиот претходник за изгрдба на 99 згради.
Ѓеорѓиевски рече дека општината Кисела Вода била прва на удар на градежната мафија и побара помош од граѓаните за справување со неа.
За да ја запреме урбаната мафија, потребна ми е и вашата помош. Ве повикувам сите да направите увид во Урбанистички планови и сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена, изјави Ѓеорѓиевски.
Градоначалникот на Кисела Вода го критикуваше најавенито нов закон за легализација на дивоградби, за кој смета дека не е во интерес на граѓаните, и најави рушење на секоја дивоградба за која ќе се констатира дека е надвор од параметрите на планското градење.
Градоначалникот Ѓорѓиевски соопшти и дека е почната ревизија на 34 плана кои беа во различни фази на донесување.