Новата гасоводна линија, или Северен Тек 2, од Русија до Германија може да ги помогне да се стабилизираат цените на гасот на светскиот пазар, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Тој објасни дека новиот гасовод вреден 11 милијарди долари веќе е исполнет со гас и чека на одобрување од Германија и ЕУ.
Сепак, гасот во Северен Тек 2 ќе почека бидејќи од ЕУ соопштија дека одлуката нема да ја донесат во првата половина од наредната година.
Новиот гасовод, долг 1234 километри за двојно би ја зголемил количината на гас кој Гаспром го пумпа директно во Германија, додавајќи сличен гасовод под Балтичкото Море и заобиколувајќи ги веќе постоечките врски низ Полска и Украина.