Вести Македонија Топ вести

Имот под хипотека како гаранција за слободата на Мијалков не е проблематичен за судот

Претседател судијата Енвер Беџети, а членови на советот судиите Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау. Ова стои на решението на Апелациониот суд со кое екс началникот на УБК Сашо Мијалков излезе од притвор. Според информациите на Телма  Беџети кој беше дел од трочлениот судски совет, вчера го прекинал боледувањето за да земе учество во работата на советот Од скопска Апелација за Телма потврдија дека судијата по електронска пошта на 23-ти ноември, ден по првата одлука за укинување на притворот го известил судот и надредените дека има висока температура и затоа матичниот лекар му отворил боледување на неопределено време. Но вчера апелациониот судија се вратил во судот и пријавил дека го прекинал боледувањето поради тоа што проценил дека здравствената состојба му е подобрена. Кога денеска се обидовме да контактираме со него тој беше на судење. Тој беше дел од советот кој минатата недела донесе иста таква одлука со која Мијалков требаше да излезе на слобода со гаранција од 11 милиони евра, но кривичниот суд уште истиот ден донесе нов притвор за екс началникот. За жалбата на Мијалков одлучувал ист кривичен совет но во поинаков состав. Телма дознава дека судијката Тања Милева земала годишен одмор па на нејзино место дошла судијката Лирие Елези Ајрулау. Од Апелација велат дека според годишниот план секој судија во советот има своја замена, која доаѓа доколку е спречен да работи во некој момент. Во решението кое го донесе советот напишал дека решението за притвор кое претходно го донесе кривичниот суд е погрешно, бидејќи апелациониот суд веќе ја прифатил дадената гаранција.

Со ова се покажува дека обвинителството за гонење организиран криминал укажало дека дел од гаранцијата на мијалков е имот кој е под хипотека во банка, но според судот ова не е проблем. Судиите сметале дека таа е наплатива во случај на бегство и тврделе во судот дека се консултирале со судија од граѓанскиот суд пред да ја прифатат. Адвокатот на Мијалков, Ѕвонко Давидовиќ за Телма вели дека тие доставиле доказ од банката која се потпишала дека приоритет во наплатата на имотот кој е под хипотека во случај на бегство ќе има државата, а не банката. Со ова Мијалков втор пат излегува од затвор на два дена пред нова година. Во очи на 2019 та кривичен го пушти во домашен притвор, откако еден месец помина зад решетки тогаш како осомничен за случајот Империја. Во моментов има две неправосилни пресуди од 20 години затвор, неколку судења во тек и едно исчезнување зад себе кога во февруари годинава 2 дена не беше достапен за да прими решение за притвор.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе