Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска бара одговорност од МКЦ и од Град Скопје за дочекот на Новата 2020-та година

Организацијата на дочекот на Новата 2020-та година на Скопскиот плоштад ќе предизвика правни последици со кривично гонење.

Антикорупциската комисија бара одговорност за раководството на МКЦ како и за град Скопје, како институција што го назначила директорот.

Прославата чинела 240 илјади евра, од кои градот покрил 154 илјади. МКЦ го прекршил законот со тоа што не спровел постапка за јавна набавка, туку оглас.

Набавката на техничка опрема, според Антикорупциска, не може да биде исклучок. Во оваа сума не влегува хонорарот од 84 илјади евра за пејачот Дино Мерлин, бидејќи тој е обезбеден од приватни спонзори, кои инсистираат да останат анонимни.

Во видеото изјава на Горан Трпеновски, член на ДКСК

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе