Вести Економија

Странските компании во земјава бараат да продолжи финнасиската помош од државата

Странските компании во земјава бараат Владата да продолжи со финансиската помош за ублажување на последиците од пандемијата и енергетската криза.

93 проценти од нив во анкетата на Асоцијацијата на странски компании се изјасниле дека е потребен нов сет мерки за да се задржат работните места.

До ноември годинава бројот на вработени кај нив се намалил за 1,7 проценти, но велат процентот до крајот на годинава би бил поголем.

54 проценти од компаните за првите десет месеци од годинава пријавиле пад на производството меѓу 10 и 35 проценти, поради пад на нарачките од странство, недостатокот на суровини, и проблемите со транспортот.

А 46 проценти од нив имале пад на извозот.

Повеќе од половината од нив се изјасниле дека државната помош имала клучно влијание при носењето на одлуката да инвестираат во земјава. 75 проценти од компаниите кажале дека пак би инвестирале во земјава, но има и пречки кои има предизвикуваат  тешкотиите во работењето.

Половина од компаниите очекуваат годинава да ја завршат со пад на приходите, а имаат и умерени очекувања за наредната година. Дури 39 проценти од нив очекувата исти приходи како годинава.

Од Асоцијацијата велатт има знаци на подобрување и некое враќање во нормала, но не како на нивото од предкризната 2019 година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе