Вести Култура Топ вести

Драмски театар со премиера против предрасудите кон лицата со аутизам

Драмскиот театар вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“. Претставата по текст на Сајмон Стивенс ја постави  режисерката Зоја Бузалковска, а таа го тематизира уникатниот ум и силна волја на лицата со аутизам. На синоќешната генерална проба беше наша екипа.

Урбаната драма „Чудна случка со кучето во ноќта“, која режисерката Зоја Бузалковска ја постави по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон, е театар во театар против предрасидуте кон лицата со аутизам.

  • Тоа е претстава за различноста, за перцепцијата кон другоста, за тоа колку ние сакаме да ставиме некого во ваков или онаков фолдер, за тоа како ние сакаме да процениме некој за недоволно паметен, заостанат, конзервативен- Зоја Бузалковска- режисерка на претставата.

Дејствието го следи животот на младиот Кристофер Бун, во изведба на Дамјан Цветановски. Тој тргнува во откривање на светот по смртта на кучето на соседите, но и кога татко му, во изведба на Александар Степанулески ќе му каже дека мајка му, што ја толкува Емилија Мицевска-Трајковиќ, починала.

  • Инспирација црпев од разни интеракции и лични интеракции со деца кои припаѓаат на спектарот на аутизам. Во ликот прибрав разни особености кои спаѓаат во спектарот. Тоа е едно уникатно дете што има посебен начин на функционирање- Дамјан Цветановски- актер.
  • Релација татко- син, татко- дете, родители- дете. Второ, татко сум на 20 месечно дете и сигурно големо влијание има анализата на моето татковство со син ми и пресликувам некои аспекти тука, околу самата сложеност на ситуацијата во истражувањето и градењето на ликот. Трето, односот на татковци со деца со аутистичен спектар- Александар Степанулески- актер.

Останатите 7 актери толкуваат повеќе епизоди , а задолжени се и за константното преобликување на сценскиот простор со дрвените сандаци и фиоки, низ мизансцен, базиран на техниката слободно трчање. Накусо, „ Чудна случка со кучето во ноќта“, е претстава во слава на животот и вистината, а против лагите и неискреноста.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе