Вести Македонија Топ вести

Оштетена манастирската црква „Богородица“ во Матејче која што е културно наследство во опасност

Оштетен кров и откорнати оловни плочи кои ја заштитувале платформата над влезната врата- веб медиумот сдк.мк објави повеќе фотографии од оштетувањата на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково.

Во текстот на веб медиумот  е наведено дека оштетувањат се откриени викендов од ловџии кои престојувале таму за да се одморат и ги забележале оштетувањата.

-На 27. декември во 10.35 часот беше пријавено дека во црква во село Матејче непознат сторител извршил оштетување на кровна конструкција и одзел предмети од кровот. Екипа од СВР Куманово изврши увид на место на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, одговорија од СВР Куманово.

Според член на црковниот одбор, од кровот се извадени оловни плочи, дел се однесени, дел се расфрлани низ дворот. Се гледа дека сторителите дошле со возило, бидејќи има траги од гуми. Се поткачиле на скала и ги кршеле и откорнале плочите.

Оштетувањата може да предизвикаат протекување во внатрешноста на црквата, стравува членот на црковниот одбор кого го цитира сдк.мк.

Истражувањата и конзервацијата на вредната црква „Богородица“ во Матејче беa сопренi со воените дејства во 2001-ва кога сакралниот објект и блиските конаци беа користени како штаб на ОНА, а по разоружувањето беше откриено дека на внатрешните фрески е извршено оштетување и дека дури со остри предмети се копани нацртаните очи на светците осликани на фреските пред 7 века.

Во мандатот на актуелната министерка за култура Ирена Стефовска, манастирскиот комплекс Богородица го доби статусот на културно наследство во опасност. Преку овој статус може да се преземаат мерки за заштита на вредното културно наследство кое е изградено во 1362. година додека внатрешните фрески односно најголемиот насликан ансамбл од 14-ти век на македонската територија претставуваат еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во Македонија.

Во рамките на програмата за културно наследство во опасност се инвестирани милион денари. Празникот на манастирскиот комплекс е познатата Мала Богородица која се паѓа на 21-ви септември.

За актуелните оштетувања извршен е надзор од Министерството за култура, а известена е и МПЦ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе