Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека 87 отсто од населението се вакцинирани против коронавирусот.
Во изјава за државната телевизија ВТВ, Мадуро нагласи дека планираат да вакцинираат 90 отсто од населението до крајот на годината.
„Во Венецуела достигнавме 87 отсто од вакцинацијата. Многу е важно населението да е вакцинирано, затоа што здравјето е на прво место“, рече тој.
Мадуро ги повика граѓаните да се вакцинираат.
„Земјата е отворена, земјата работи, се занимава со туризам. Добро ја завршуваме оваа година“ – истакна Мадуро.
Во Венецуела досега со Ковид-19 се заразени 443 илјади 332 лица, а починале 5 илјади 314 лица.
Мадуро на 23 декември објави дека варијантата Омикрон била откриена кај 7 патници кои пристигнале од Панама, Доминиканската Република и Европа.