Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти клубот, бидејќи му истекува договорот.
Капитенот и раководството не можат да се договорат околу финансиите за продолжување на сорабоката, па Италијанецот кариерата најверојатно ќе ја продолжи во МЛС-лигата.
Торонто му нуди на Инсиње неверојатен договор од 60 милиони евра за пет години. Италијанецот целата своја кариера ја игра во Неапол, освен кога беше на позајмици во Пескара и Фоџа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.