Коронавирусот силно го нападна најголемото изненадување сезонава во Ла Лига, Рајо Валјекано.
Тимот за кој игра македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски објави дека во своите редови има дури 17 позитивни случаи на Ковид-19. Најголем дел од заболените се играчи, а само неколку членови на стручниот штаб.
Засега не се познати имињата на позитивните играч и дали нашиот голман е меѓу нив. Рајо ќе побара одложување на неделниот натпревар со Атлетико Мадрид во рамки на 19.коло во Ла Лига.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.