Вести Македонија Топ вести

Пријава за пациентот на Пулмологија кој ќе ја разнесеше Клиниката со цигара

Полицијата уште доцна синоќа влегла во собата со кислород на Пулмологија. Покрај најочигледното – изгорениот дел од подот тие провериле и сè друго што може да е во корист на истрагата, за пожарот кој синоќа избувна на Клиниката за пулмологија и кој за малку можеше да заврши трагично. А, сè започнало во делот на Клиниката каде што има довод на кислород. Несовесното однесување на 33 годишен пациент кој ја извадил маската од лицето и запалил цигара го довело во ризик и самиот него, но и целата болница.

„Случајот е пријавен во СВР Скопје. Извршен е увид и бил известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против Р.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.“

33 годишниот Тетовчанец имал среќа што и самиот тој поминал со поситни изгореници на лицето и градите. Во собата имало и други пациенти кои добивале кислород, но никој од нив не бил повреден.

  „Ова е сепак нешто што нѝ укажува дека сите ние сме одговорни. Имало пациент кој запалил цигара. Среќа имало лица кои интервенирале и се спречила трагедија. Секој од нас треба да биде одговорен во оваа ситуација, во однос на своите постапки.“

Брзата реакција на вработени кои се нашле на лице место спречила ширење на огнот. Станува збор за лекарите кои биле дежурни, а интервенирале така што го прекинале доводот на кислород и со тоа директно спречиле експлозија среде Клинички центар.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе