Рајо Валјекано не сака да преговара со Барселона околу цената на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Откупната клаузула на Димитриевски во Рајо изнесува шест милиони евра, па доколку Каталонците сакаат да го доведат во своите редови ќе мора да ја платат оваа сума. Малиот тим од предградието на Мадрид не сака да ја намали цената и ќе го продаде Македонецот само ако биде платена клаузулата.
Димитриевски сезонава блеска на голот на Рајо, кој игра над сите очекувања и се наоѓа на фантастичното 4.место. Тој е еден од најдобро оценетите голмани во Ла Лига, па затоа се најде на листата на желби на Барселона.