Вести Македонија Топ вести

Два тони ефедрин чија дестинација била Скопје, запленети на аеродромот во Виена

Полицајци кои дилале кокаин и марихуана заедно со нивни роднини, цариници кои ги штителе полицајците и го обезбедувале транспортот на ефедрин за производство на амфетамин, пресечен канал и заплена на уште една голема пратка во странство а која требало да заврши во државата.

Истрагата за оваа криминална група траела од почетокот на годинава а во домовите на валканите полицајци се најдени десетици илјади евра кои потекнуваат од продажба на дрога.

Првата пратка на ефедрин, 190 килограми, паѓа во Косово на 2 ноември а потоа на 5 ноември е пресечена и и пратката од 1 тон и 50 килограми ефедрин во таблети со потекло од Египет.

Полицајците дилери и цариниците работеле заедно но засега нема детали како и кога ја формирале групата.

Приведените цариници биле повикани токму од МВР на карго аеродромот во Скопје за да ја проверат пратката а тие за да ги заштитат полицајците дилери потврдиле дека е во согласност со декларацијата -Галантерија за мобилни телефони и компјутери.

Таблетите псеудо ефедрин, се користат за производство на амфетамин, дрога која што е често барана на нарко пазарот.

Според Спасовски, лабораторијата за производство не е во Македонија.

Десетмината осомничени, меѓу кои се петмината полицајци и тројцата цариници, беа уапсени завчера и им беше одреден притвор.

Истрагата не е завршена а од МВР и Обвинителството не ја исклулчуваат можноста од нови приведувања.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе