Цели пет денови во болницата ја убедувале дека не и е ништо, докторката која ја породила само два пати се заинтересирала за нејзиното здравје, а и покрај критичната здравтсвена состојба ја лекувале со чај и шишиња со топла вода.
Едвај на сопствено инситирање и полужива била префрлена на скопските клиники каде се утврдило дека има преплет на цревата.
Но при операцијата докторите констатирале дека всушност кај матката има предолго внатрешно крварење кое никој не го санирал, и поради кое морало да и ја извадат.
После половина година потребна да се охрабри да проговори за случајот, сега размислува и дали да поднесе тужба. Од болницата не сакаат да коментираат за случајот
Повеќе за ова во емисијата КОД во недела во 19:15 часот на Телма.