Вести Македонија Топ вести

ДКСК ги отфрла обвинувањата на Гаши дека биле политизирани

Обид за политизирање на работата на Државната комисијата за спречување корупција.  Вака антикорупционерите одгвоорија на обвинувањата на лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој иницијативата на ДКСК за кривично гонење на неговиот партиски функционер, Хусни Исмаили, сегашен кандидат на Алтернатива за потпретседател на Собранието, дека додека тој бил министер за култура трошел пари повеќе од законски дозволеното, ја нараче целосно политизирана, многу индикативна започната од политички структури, зад која стојат зли сили.

„Било каков обид за ставање на работата и одлучувањето на ДКСК во дневно политички интереси и изјави може само штети за напорите за спречување и борба против корупцијата во целина. Со ваквите изјави не само што се прави обид да се наштети и дискредитира работењето на ДКСК туку се прави обид и за влијание врз другите органи и институции што треба понатаму да ги проследат нејзините иницијативи и препораки“, се наведува во реакцијата на Антикорупцинерите.

ДКСК во реакцијата на изјавата на Гаши освен отфрла каква и да е политичка инструментализација на своите одлуки, наведува дека во случајот нха Исмаили  постапувала по барање на министерството за култура од јули 2021 година, а во врска со Заклучок на Владата донесен еден месец порано, околу изборот на финансирање на проекти од Годишни конкурс на Министерството за 2020 година. Контролата на антикорупционерите утврдила злоупотреба на службената положба на министерот за култура во тој период – Хусни Исмаили.

„Посочениот министер постапувал спротивно на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети за 2020 година со тоа што во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари“, наведуваат од Антикорупциска.

Дополнително во 2020 година, во периодот на министерувањето на Исмаили, министерството презело обврски за 60 милиони денари повеќе отколку што му биле буџетски обезбедени за 2020 година.

Но и покрај ваквите сознанија на Антикорупциска, за партискиот лидер на Исмаили, Гаши, тој е е чист како солза. Гаши притоа за да даде тежина на своето тврдење дека Исмаили не направил ништо незаконско најави оставка доколку се докаже спротивното. Но Гаши притоа без да очека разврска на случајот, ја обвини ДКСК дека е политички инструирана.

И додека антикорупцинерите и Гаши се обвинуваат за политички притисоци околу случајот на Исмаили, за првиот парлемантарец, Талат Џафери, не е проблем токму Исмаили да стане негов втор потпретседател. Според Џафери, се додека некој не е осуден со правосуден акт, презумпцијата на невиност е над сите иницијативи.

Тамара Грнчароска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе