Вести Македонија Топ вести

Колкава е вредноста на 20 илјади квадрати во Кисела Вода и Гази Баба чиј сопственик е Славија?

Тринаесет илјади квадратни метри во Гази Баба каде што е управната зграда и неколку помали објекти, шест илјади квадрати со магацини во Кисела Вода, неколку стотини квадрати во два деловни објекти во Аеродром и Ѓорче Петров, имот во Ржаничино и во Јурумлери.

Во тек се постапки за легализација на уште неколку парцели кои се во сопственост на Славија како и приватизација на земјиштето кај управната зграда.

Ова е само дел од имотот со кој располага „Славија“ а кој ќе биде огласен на аукција со почетна сума од 218 илјади евра.

Проблематично е што Агенцијата за управување со одземен имот која е сопственик на Славија се одлучи на проджба без да се направи проценка на имотот.

Исто така нема ниту прецизна проценка на тоа колкави се долговите на овој поранешен гигант. На 136 вработени им се должат околу 5 илајдиу евра во плати плус банкарските камати уште од 1996 година а покрај тоа има долгови и кон 72 доверители но сумата не е повисока од 4 милиони евра тврдат нашите извори.

Последната проценка на вредноста на имотот е од 2012 година кога е процнет на 25 милиони со долгови од 17 милиони евра а во меѓувреме голем дел од објектите се продадени.

Според информациите на Телма, Славија во моментов има годишен приход од околу 800 илјади евра од кирии. Со овие пари се исплаќаат триесетте вработени и директорот, се плаќаат тековните трошоци и се одржува имотот.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, тврди дека ги продава само акциите но факт е дека сопственикот на акциите ќе го наследи имотот, објектите како и долговите и можноста за евентуален профит.

А партиските препукувања дали криминалот се прави сега или пак е направен од претходната власт продолжуваат.

За ВМРО – ДПМНЕ продажбата на Славија е поради имотот на кој потоа ќе се градат згради

Од СДСМ тврдат ВМРО – ДПМНЕ ја обезвредни фирмата со продажба на голем дел од имотот.

Според информациите на Телма, директорот на Славија, Блаже Зафировски, ќе биде сменет и на негово место ќе биде поставен кадар од Алтернатива но од Владата сеуште нема потврда или пак одлука за негова смена исто како што и нема одлука да се запре продажбата на Славија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе