Вести Македонија Топ вести

Вишото јавно обвинителство не се согласило да се укине притворот на Мијалков

Од Вишото јавно обвинителство потврдија дека во одговорот до Апелациониот суд Скопје доставиле одговор со кој изричито одбиваат Сашо Миjалков да биде пуштен од притвор поради опасност од бегство затоа што веќе има две пресуди за вкупно 20 години затвор.

Апелациониот суд одлучил сепак по барањето на Мијалков и го укинал притворот, ја прифатил гаранцијата од 11,1 милиони евра и му определил други мерки за обезбедување, одземен пасош и јавување во суд.

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска кратко ни изјави дека разбрала за одлуката од медиуми и од новинари и дека за жалбата пред Апелација, надлежно е Вишото јавно обвинителство-Скопје.

Токму Русковска во февруари побара притвор за Мијалков поради определни информации кои ги добила дека поранешниот директор на тајната полиција се подготвува да избега десетина денови пред да биде изречена пресудата во случајот Тврдина таргет.

Тогаш Мијалков исчезна пред полицијата да му го врачи судското решение за домашниот притвор, а МВР распиша меѓународна потерница по него. Мијалков сам се појави во обвинителството.

Со 11.106.501 евро гаранција, Мијалков пуштен од притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се остават повеќе пари во трговијата, но се купуваат помалку производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе