Реагира и Судскиот совет кој е можно утре да одржи седница за одлуката на Апелацискиот суд.
Од таму велат дека поголем број членови денеска имале службени обврски, и не биле во можност да дебатираат за ослободувањето од притвор на Мијалков.
За адвокатите пак на Мијалков ова е срамно за тоа што судскиот совет наместо да биде гаранција за самостојноста на судството, тој постапува како што посакува извршната власт.
Велат дека судскиот совет ги заплашува судиите кои донеле одлука која е во склад на сите препораки на Советот на Европа и судот во Стразбур.