Ковид19 Македонија Топ вести

Зголемен бројот на лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

36 лица минатата недела по вторпат се заразиле од коронавирусот, со што бројот на реинфекции е зголемен за 38,5  проценти во однос на претходната. Со тоа од почетокот на пандемијата има вкупно 1.013 реинфекции, од кои две лица по третпат се заразиле со вирусот. Сепак, за 8 проценти намален е бројот на нови случаи, се наведува во неделниот извештај на ИЈЗ.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група  над 60 (n=439, 22,8%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=67; 3,5%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, се наведува во извештајот од 13 до 19 декември на ИЈЗ.

Опфатот со две дози вакцина кај вкупното население е 39,4 проценти, а три дози примиле околу 90 илјади луѓе. Низ болниците во државата има 18 проценти помалку пациенти во однос на претходната недела, а бројот на починати е непроменет.

Пријавени се 66 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (19). Во однос на возраста, најголем број (n=53; 80,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, се наведува во извештајот на ИЈЗ

Репродукциониот број на заразени е нешто под единица, но Македонија останува во фаза на широка трансмисија и со умерени капацитети за одговор. Сепак, проценката на здравствените власти е дека епидемиолошката состојба е стабилна, засега нема најава за нови рестриктивни мерки, ниту пак се очекува предвреме да почне зимскиот распуст за учениците, и покрај тоа што новиот сој омикрон кој сѐ уште не е регистриран кај нас, е сосема блиску во соседството.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе