Македонија

Голема полициска акција во Куманово и Скопје, уапсени и полицајци за шверц на дрога

Голема полициска акција во кумановско Диво Насеље. Претреси се вршат на повеќе локации во Скопје и Куманово, а запленети се и наркотици. Според информации на Tелма, акцијата е продолжение по заплената на еден тон наркотици кои пристигнале во државата преку скопскиот аеродром.

Се трагало по група која се занимавала со шверц на дрога. Во акцијата се уапсени и полицајци. Во групата имало и полицајци и цариници и државни службеници.

Истрага во обвинителство за организиран криминал и корупција е отворена за вкупно деветмина кои биле припадници на групата за шверц на дрога, дознава Телма.

Уапсените полицајци и цариници осомничени за шверц на есктази таблети скриени во мобилни телефони?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Дејан Дејан

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци

Дејан Дејан

Лишен од слобода маж од кичевско кој со секира ги нападнал родителите при што таткото починал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе