Вести Македонија

Регистрирани нови 335 случаи на КОВИД и 13 починати лица

Во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19. Евидентирани се 515 оздравени пациенти, а починати осум лица, информира Министерството за здравство.

Од новиte случаи на КОВИД-19, 179 се во Скопје, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од: Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица: три од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66г до 87г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.543 тестови преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–4, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-86, Авицена-154, Биотек-234, Систина-85, лабораторија Лаор-101, Синлаб-33, Ремедика-27, Плодност–55, Генеа-17, Никоб лаб-331, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-66, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.606.

Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјаva од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе