Вести Македонија Најважни

Полицајци и цариници шврецувале ефедрин за „екстази“ на Косово

Цариници на скопскиот аеродром намерно замижувале на пратки полни со ефедрин кои потоа заедно со полицајци ги пренесувале до границата со Косово за да им ги испорачаат на кирминалци за производство на дрога. Неколку месечната истрага на Обвинителството за организиран криминал заврши денеска со апсење на десетмина осомничени меѓу кои се тројца полицајци и петмина цариници. Тие се спроведени се спроведени во Кривичниот суд на распит а Обвинителството ги гони за криумчарење и неовластено производство и трговија со дрога и бара притвор.

Акцијата за приведување на трговците со дрога и корумпираните службеници почна утрово со претрес на куќа во кумановско Диво Насеље но и на неколку други локации во Скопје и Куманово. Кај еден од приведените е најден кокаин.

Полицајците и цариници неколку месеци биле под лупа бидејќи и во Обвинителството и во МВР занеле дека тие помагаат во шверц на ефедрин, една од клучните состојки за производство на екстази. Двете пратки кои беа пресретнати во Косово и во Македонија на почетокот на минатиот месец биле следени од почетната дестинација а осомничените под посебни истражни мерки.

Пратките со ефедрин се од Блискиот исто и се донесени со авион на скопскиот аеродром каде што осомничените цариници намерно го пропуштаат товарот иако е означен како црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед. На 2 ноември во Косово е заплента првата пратка со снеколку стотини килогртами ефедрин во таблети, а на 5 ноември паѓа втората пратка со еден тон ефедрин.

  • Обвинителство за гонење на организиран криминал: Во текот на месец ноември 2021 година четворица осомничени меѓу кои два полициски службеници, како повеќе лица земале учество во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори кои во два наврати организирано требало да пренесат стока од царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу РСМ и Р.Косово.

Од МВР најавија детали околу акцијата во текот на утрешниот ден а од Обвинитествот пак додаваат дека истрагата продолжува .

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе