Вицепермиерот за евроинтеграции Никола Димитров предлага за секое евнтуално моѓно решение за спорот со Бугарија да се отвори дебата и во македоснкиот Парламент.Опозицијата му порача дека е крајно време да се почне со реализација на препораките на ЕУ, особено во делот на корупцијата,јавната администрација и економскит еполитки.
Вицепремиерот Никола Димитров смета дека заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија треба да се почитуваат и да се продолжи дијалогот со Бугарија. Со оглед на тоа што спорот е прашање на нацијата и државата и ги надминува интересите на една или друга влада и со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска влада значајно место има Парлементот во Софија, Димитров предлага и во македонското Собрание да се отвори дебата.
Опозицијата смета дека во изминатите три години не постои сериозен политички притисок врз Бугарија за решавање на спорот. На актуелната власт и порачуваат да ги засука ракавите и д апочне да ги реализира препораките за борбата против корупцијата, економската кризљ, јавната администрација.
ДУИ повика на национална сплотеност и политичка воља на двете страни за решавање на спорот.Во спротивно, предупредуваат дека неотпочнувањето на преговорите со унијата ќе има негативно влијание на спроведувањето на реформите.
Јулијана Пешевска