Вести Македонија

Десет дена во прекин сообраќајот на патот Мокрино-Смолари заради оштетување од невремето

Регионалниот пат Мокрино-Смолари во Општина Ново Село десет денови е затворен за сообраќај откако беше оштетен од невремето кое го зафати овој регион. Поголем дел од коловозот е покриен со наноси од камења од песок, а има и оштетување на заштитната ограда.

Од Општина Ново Село информираат дека со механизацијата со која располагаат извршиле делумно расчистување, но тоа не било доволно патот да се исчисти.

– Патот е во надлежност на „Македонија пат“, но досега и покрај нашите апели тој не е исчистен. Апелирам и замолувам да си ја завршат работата за да не се уништи коловозот, рече градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

Додаде дека изминатите денови заради затворениот патен правец општината е изложена на дополнителни трошоци околу превозот на учениците од селата Мокрино и Смоларе, кои сега се превезуваат по заобиколен пат преку општинскиот центар.

Од „Македонија пат“ најавуваат решавање на проблемот во наредните денови. Како што објаснија оттаму нивни екипи уште минатата недела биле на терен, но немале можност да интервенираат заради големите води кои течат преку самиот коловоз. Велат дека се работи за води од планината Беласица кои направиле неприроден пат и наместо по нивниот досегашен тек и низ пропустот под патот течат преку коловозот. Очекуваат наскоро водата да се намали по што ќе започнат со расчистување на коловозот, но и санирање на оштетените делови од делницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе