Вести Македонија Најважни

Сијарто ја замоли Бугарија да и дозволи старт на преговори на Македонија

Повторното отсуство на одлука за старт на преговорите за Македонија и за Албанија е нечесен чекор на Европската унијата кон двете земји е ставот на Унгарија која минатонеделните заклучоци на Европскиот совет за проширувањето ги нарече конфузни и фрустрирачки. Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарот, во тој контекст денеска од Скопје побара Македонија и Албанија веднаш да ги почнат преговорите за членство, а имаше порака и за Бугарија.

Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија своите национални прашања кои ги сметаат за пречки да се обидат да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на започнување на преговорите“, рече Сијарто

Сијарто на својот македонски колега, Бујар Османи во име на Унгарија му пренесе дека таа ќе направи се ЕУ што побрзо да го почне проширувањето кон Западниот Балкан,  кон кого, како што рече, политиката на ЕУ станува се попроста и понеефикасна.

Може да кажеме дека ние бевме незадоволни, дури и фрустрирани, од заклучоците во врска со прошриувањето прифатени во Брисел. Бујар е во право кога вели дека е подобро да има некави заклучоци, отколку да ги нема, но ние сите тие одлуки ги сметаме за многу неправедни. Ако сакавме да бидеме чесни ќе требаше да кажеме дека уште годинава Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите“, рече Сијарто.

Шефот на македонската дипломатија пак коментирајќи ги послендите заклучоцоте на минатонеделниот Европски совет и изјавата која на нив ја достави Бугарија рече дека Македонија веќе во неколку наврати била сведок на преседани кон неа во процесот на пристапување во ЕУ.

„Јас не очекувам дека може да се лучи да усвоиме преговарачка рамка, а да нема конкретен термин за одржување на меѓувладината конференција. Преговарачката рамка, да, е документ на Советот на ЕУ, но тој документ треба да го прифатиме и ние. Така што мислам дека нашиот став ќе биде јасен дека повеќе нема да прифатиме било какви чекори кои ќе значат неизвесност за продолжување на процесот понатаму“, соопшти Османи.

Османи за предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков за формирање на работни групи меѓу двете земји во пет области, вклучително и за историските прашања, рече дека е тоа прифатливо, но според него треба прво да се актвира механизмот за евалуација на спроведувањето на Договорт за добрососедаство, поточно активирање на меѓувладината комсија.

„Повеќе од една година барам во различни форми, формално и неформално, да се одржи вториот состанок на меѓувладината комисија, бидејќи тоа е најобјективниот барометар, дали се исполнува или не се исполнува Договорот. До сега сите проценки за исполнувањето беа субјективни, беа на прес-конференции, беа политчки ставови, но никогаш иснтрументот кој што беше предвиден за да направи пресек на имплементација на Договорот, на развојот на билатералните односи, не се состана“, рече Османи.

Османи денеска информираше дека се уште се чака одговорот на Софија дали и е прифатли8в одговорот кој земјава и го даде на нејзините 5+1 барање, а кое на софија и било доставено на самитот на НАТО во Рига, пред три недели. За упразнетото амбасадорско место во на земјава во Софија подогл период, Османи најави дека веднаш по формирањето на новата влада, ќе биде направе избор на нов амбасасор за земјава во Бугарија.

Тамара Грнчароска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе