Спорт Фудбал

Клубовите решија: Премиерлигата ќе продолжи нормално без прекин

Нема да има пауза во Премиерлигата поради зголемените случаи на Ковид-19 во англискиот фудбал. Повеќе клубови на денешниот состанок беа против прекин на натпреварите.

Челниците на сите 20 клубови од Премиерлигата денеска имаа состанок и донесоа одлука првенството да продолжи да се игра нормално и покрај многуте позитивни случаи на Ковид-19 меѓу играчите.

Разгледана беше идејата да се одложат натпреварите од 20.коло, што е на програмата од 28 до 30 декември.

Изминативе 10 дена беа одложени вкупно 10 натпревари во Премиерлигата поради многу позитивни случаи на ковид меѓу играчите.  Иако дел од менаџерот на клубовите побараа прекин на првенството, повеќето клубови биле против оваа идеја.

Договорено е за две недели клубовите да направат нов состанок за да ја анализираат ситуацијата и да се интензивира кампањата за вакцинација меѓу фудбалерите, бидејќи последните анкети покажуваат дека само 68 отсто од премиерлигашките играчи се вакцинирани со втора доза против Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе