Македонија

Тетово повторно без вода за пиење

Тетовци повторно се без вода за пиење веќе неколку дена. Дефект на водоводната мрежа драстично го намали протокот во градските резервоари. Јавното комунално претпријатие воведе 7 часовни рестикции, во два наврати, и тоа од 1 до 5 часот во текот на ноќта и од 13 до 16 часот преку денот. Од таму велат дека овој потег е со цел еднакво опслужување во критичните делови на градот, но дел од граѓаните се жалат дека речиси по цел ден немаат вода.

ЈКП Тетово дефектот на водоводната линија Лешница го детектирала минатиот четврток, на м.в. Студена Река. Во текот на викендот поради била направена патека за достава на опрема, која била однесена денес и се очекува поправката да се изврши во наредните два дена. Раководителот на „Водовод и канализација“, Љуљзим Шаќири, вели дек овој водоснабдителен систем е ризичен бидејќи поминува низ тешко достапни предели.

Токму на лешничкиот водоснабдителен систем оваа година имаше неколку сериозни дефекти, поради кои градот со денови имаше намален доток на вода за пиење и рестрикции.

Дали сегашната локалната власт има планови за долгорочно решение на овој проблем, одговор не добивме.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе