Вести Македонија Најважни

Маричиќ вицепремиер за евроинтеграции, Шилегов министер за транспорт, Лукаревска идна министерка?!

Министерот за правда, Бојан Маричиќ заминува на повисока, вицепремиерска  позиција, дознава Телма.

Во новата влада ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, на местото на Никола Димитров, кој си заминува од функцијата.

Министерско место ќе добие и досегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој ќе го замени Благој Бочварски во министерството за транспорт и врски.

Во министерска фотеља ќе седне и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, но во чија, се` уште не се открива.

Министерката Мила Царовска нема да биде дел од новата влада, како ни нејзиниот заменик, Арафат Шабани од БЕСА, кој веќе си даде оставка.

Царовска, која дојде на оваа функција во август 2020-та година, откако претходно беше министерка за труд и социјала, кусо ја образложи својата одлука.

Наследникот на Царовска се` уште не е познат, додека заменичкото место им припадна на Алтернатива, кои го предлагаат Љуљзим Алиу.

Минатата недела заминување најави и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која се повлече од партиските функции уште на почетокот на годината.Познато е и дека, Венко Филипче си заминува од функцијата министер за здравство, а на негово место треба да дојде Беким Сали од Алтернатива.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи  индиректно најави дека би сакал да биде дел и од идната влада, а промени не очекува ниту министерот за локална самоуправа, Горан Милески.

Се очекува вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи да остане на функцијата, додека вицепремиерот задолжен за корупција, Љупчо Николовски, наводно најавил повлекување од сите функции.

Новиот коалиционен партнер во владата, Алтернатива,  покрај министерството за здравство, го добива и министерството за информатичко општество, за каде е предложен Адмирим Алити.

Џемаил Чупи е предложен за министер без ресор одговорен за дијаспората, Абдулшиќир Абедини за заменик министер за земјоделство, а Даим Лучи за заменик министер за култура.

Партијата доби вкупно 47 функции, меѓу кои и директорски позиции во МЕПСО, Клиничката болница во Тетово, ПИОМ, АД „Железници на Македонија – Транспорт“,Управа за водење на матични книги и Агенцијата за странски инвестиции.

Паралелно со владата, течат и промените во СДСМ. Според наши извори, Миле Зечевиќ ќе биде нов Генерален секретар на партијата, додека потпретседатели ќе бидат Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе