Расизмот во Германија уште еднаш го покажа своето валкано лице. На натпреварот одигран во третата фудбалска лига, натпреварот беше прекинат поради расистички скандирања против црниот играч.
Настанот кој предизвика големи реакции во земјава, се случи викендов, на натпреварот одигран меѓу екипите на Дуизбург и Оснабрик.
Тимот на Оснабрик кој играше на противничкиот терен извојува корнер во 35. минута.
Двајца играчи тргнаа во корнер за да го изведат тој удар.
Тогаш од трибините се слушаа расистички скандирања против Арон Опоку.
Судијата на натпреварот го прекина натпреварот по расистички скандирања.
Играчите на двата тима го напуштија теренот и заминаа во соблекувалната, натпреварот беше прекинат.
55-годишникот, кој скандираше расистички, со помош на публиката беше идентификуван и приведен.
Контролната комисија при федерацијата покрена истрага за инцидентот.