Државното земјиште кое ќе им се издаде на странски инвеститори за проектот Стипион за соларниот парк Стипион е најплодно земјиште во Овчеполие и источна Македонија и е под систем за наводнување, тврдат жителите на селата Мустафино и Врсаково во емисијата КОД.
Тие го земаат под закуп земјиштето, заглавени се во кредити за механизација, не биле известени од државата за енергетските планови- па и ја завршиле есенската сеидба.
Во опасност е и селскиот водовод на Мустафино. Сите трошоци сега ќе паднат на нивен грб, велат за Код жителите кои егзистираат од истото место планирано за соларна централа.
Како стратешки инвеститор е избрана француската компанија Акуо, која има долго портфолио за енергија од обновливи извори кои ги комбинира со производство на органска храна.
Во емисијата КОД и интервју со заменик министерот за земјоделие Трајан Димковски за плановите со Стипион и плодното поле кај Мустафино. Емисијата е вечерва во 19:15 на Телма.