Македонија Најважни

Османи: Можеме да имаме решение со Бугарија уште во јануари – шест месеци е предолг период

Предолг е рокот од шест месеци на официјална Софија  за пронаоѓање решение на спорот и одблокирање на патот на земјава кон Европската унија – решение може да има веќе следниот месец – изјави  шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во интервју за бугарската телевизија „Нова“ . Османи оптимизмот го темели на тоа што  Бугарија сега има политичка Влада која уште во јануари може да даде зелено светло за старт на преговорите на земјава со Унијата. Министерот со оценка дека  односите меѓу Бугарија и Македонија се на најниско можно ниво.

  • Јас прифаќам само еден аргумент зошто досега не беше најдено решение, бидејќи немаше политички кабинет. Сега навистина нема причина да се даваат долги рокови, кога има политички кабинет. Има стабилно мнозинство во Република Бугарија и во Република Северна Македонија и можеме да седнеме уште од утре, да ги продолжиме разговорите и уште во јануари да има решение – Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Во однос на јазикот, Османи смета дека тој не може да биде дел од билатерален спор и  треба да се нарекува онака како што е и предложено од ЕК – македонски јазик. Излезно решение, според него може да биде предлогот двете земји да имаат свои унилатерални ставови за јазикот, а ЕУ тоа да го забележи. За внесувањето пак на Бугарите во Уставот, како и за прашањата како што се говорот на омраза, краткото и долгото име на државата, рехабилитацијата на жртвите од комунизмот – Османи вели земјава  даде одговор до Бугарија, но не доби повратен,.

И за словенечкиот амбасадор Милан Предан долг е рокот од шест месеци на официјална Софија. Во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ тој испрати порака до земјава дека е време конечно да испратиме амбасадор во Софија. Предан смета дека немањето амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија,  можеби е една од причините што комуникацијата не била како како што треба. Потенцира и дека амбасадор не треба да биде кој било.

  • Да. Ова е прилично долго време. Јас верувам и ние сме многу заинтересирани тоа да се случи поскоро. Јас не можам да предвидам што ќе се случи. Но, само ако овој дијалог би бил навистина многу интензивен на дневна основа, само на тој начин може да се очекува резултат- Милан Предан, амбасадор на Словенија во земјава.

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоранс Робин пак за Бугарската национална телевизија, изјави дека е свесна оти меѓу Софија и Скопје постои спор, но најважното за неа е потребата да се создаде можност за помирување меѓу двете земји. Таа потенцираше дека не станува збор за давање зелено светло за влез на Македонија во Европската Унија, туку за почеток на преговори, кои ќе потраат повеќе години.

Новата бугарска влада на премиерот Кирил Петков која минатата недела ја презема функцијата, одлучи да остане на блокадата за македонскиот напредок во Европската унија и на последниот Совет за општи работи на ЕУ кој се одржа во Брисел во вторникот.

Петков најави план за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија со кој би се формирале работни групи и за други теми како економијата и културата, а не само за историјата каква што функционира до сега и која не дојде до голем напредок. Рокот на бугарскиот премиер за надминување на проблемот е шест месеци.

Претседателот пак Румен Радев од официјално Скопје бара промена на Уставот, а од Брисел гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство во преговарачката рамка. Бугарија го зацврсти своето вето со засебната изјава која ја врачи со заклучоците на Европскиот Совет за проширувањето. Бугарија вели дека не инволвира никаква форма на автоматизам меѓу усвојувањето на преговарачката рамка и одредувањето на датум на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе