Култура Топ вести

„Шеби Арус” во чест на Мевлана Руми

По повод 748-годишнината од смртта на големиот поет, филозоф, теолог, правник и суфи мистик Мевлана Џелалудин Руми во Коња, Република Турција традиционално се чествуваат деновите посветени на големиот поет. Со низа претходни настани изложби, конференции и концерти кои започнуваат уште на 7 декември, на 17 декември, денот на неговата смрт се одржува манифестацијата „Шеби Арус” или „Свадбена ноќ“.  „Свадбената ноќ“ за Мевлевиите е позната како ноќ кога почина Руми. Руми ја толкува смртта како враќање кон суштината или враќање кон Бога. За него таа не е исчезнување на телото, туку патување кон Бога.  Затоа годишнината од смртта, 17 декември, не се смета за ден на жалост, туку за ден на прослава. Церемониите на „Шеби Арус“, кои се одржуваат секоја година значат „средба со саканиот” или „Свадбена ноќ“.

„Танцувај се додека телото не почне да се тресе“, вели Руми. Мистичниот суфи ритуален танц на дервишите и настапот на музичарите од дервишкиот ред во Коња го  разоткриваат мистичното и духовно патување на една индивидуа кон совршенството низ разумот и љубовта.

Мевлана, чија врата е отворена за секого, без оглед на расата или религијата, стана симбол за еднаквост и толеранција во светот. Секоја година, посетителите од сите краеви на светот кои веруваат во филозофијата на Руми  присуствуваат на овие церемонии во Коња -„лулката на цивилизациите и религиите“, во централна Анадолија, каде што Руми го поминал најголемиот дел од својот живот.

84-та од манифестациите на „Шеби Арус“ оваа година се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Р.Турција, традиционално одбележувајќи ја годишнината од смртта на светски познатиот мистичен суфи поет и научник. За разлика од минатата година кога манифестацијата се одржуваше без присуство на публика поради пандемијата со Ковид 19 и се пренесуваше во живо на дигитални платформи и телевизии, годинава „Шеби Арус“ се одржа со присуство на публика со почитување на сите здравствени протоколи. На церемонијата присуствуваше и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.

УНЕСКО ја прогласи 2007 година, што е 800-ми роденден на Мевлана, за „Меѓународна година на Мевлана“.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе