Вести Македонија Најважни

Сали- министер за здравство, Чупи за администрација, а портпаролот Муртезани- директор на МЕПСО

Едногласно во рамки на Централното претседателство на Алтернатива се избрани новите функционери, чии места партијата ги договори со СДСМ.

Претседателот Африм Гаши ги предложил, а сите членови на Централното претседателство ги изгласале.

Партијата добива заменик претседател во Собранието, а тоа е Хисни Исмаили, поранешниот министер за култура.

На местото на Венко Филипче во Министерството за здравство ќе треба да седна Беким Сали, поранешен кандидат за градоначалник на Чаир и стоматолот.

 

За информатичко општество и администрација ќе биде назначен Адмирим Алити, а  министер без ресор задолжен за дијапсората – Џемаил Чупи.

Тројца заменици министри доби Алијанса во преговорите со Заев, а тие се за образование- Лулзим Алиу, Даим Лучи за култура и во земјоделие заменик ќе биде Абдулшики Абедини.

Освен повисоките министерски функции Алијанса доби и 45 директорски места.

Орхан Муртезани, портпаролот на партијата сега ќе биде директор во МЕПСО.

Во Фондот за пензиско треба да биде назначен Дритин Беџети, со Железници – транспорт ќе раководи Муберик Палоши, со Клиничкиот центар во Тетово- Емир Елези.

Беким Емини пак е на чело во Агенцијата за странски инвестиции, додека во Управата за водење матични книги прв човек ќе биде Блерим Абази.

Инаку ова доаѓа кусо по предлогот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, токму Африм Гаши да биде мандатар на идна техничка Влада. Одбиен беше со образложение дека во тек е друг процес.

Договорениот нов состав на владата ќе се ефектуира од новиот мандатар, откако Зоран Заев ќе се повлече од премиерското место на 22-ри декември в среда.

Се поизвесно е дека на негово место доаѓа Димитар Ковачевски кој минатиот викенд членството на СДСМ го избра и за нов председател.

Во реконструкцијата на владата ќе има промени и на министрите кои доаѓаат од СДСМ но, за сега не се открива кои ќе бидат со нови имиња.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе