Вести Македонија

Пред состанокот во понеделник албанската влада утврди текст на два договора од „Отворен Балкан“

Пред седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, што во Тирана ќе се одржи на 20. и 21 декември, Владата на премиерот Еди Рама го одобри текстот на два договора кои се однесуваат на иницијативата „Отворен Балкан“, а се поврзани со пристап на пазарот на трудот во трите земји: Северна Македонија, Албанија и Србија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Станува збор за договорот околу условите за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

  • Тој има за цел да им овозможи на граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ и остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји“, соопштија од Владата.

Другиот текст кој е утврден е за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од трите земји, на граѓаните ќе им овозможи слободно да се движат и да работат во секоја од нив.

  • Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан е резултат на иницијативата „Отворен Балкан“ за поедноставување на процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската унија, додаваат од Владата.

Моментно меѓу Албанија и Косово е во сила Договорот за пристап до слободниот пазар на трудот, а сега се проширува со Северна Македонија и Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе