По партиската пред осум месеци, Радмила Шекеринска, се повлекува и од министерската функција. Со тоа Шекеринска е првиот министер во владата на Зоран Заев која соопшти дека по неговата оставка, како што дознава Телма, најавена за в среда, нема да чека дали ќе влезе во кадровските планови на новиот мандатар. Одлуката да не биде дел од новата влада Шекеринска објасни дека е поради продолжување на дел од политиките, поради кои таа во април се повлече од заменик-претседателското место во СДСМ.
„И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политки придонесоа за поразот кој што го доживеавме на локалните избори. За жал мојот впечатоок е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавнста не ги чувме или не ги разбравме. И затоа мислам дека едниственото принципилено или единственото чесно поведнеие, единствената принципиелна и чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада“, соопшти Шекеринска.
Одлуката, како што рече таа, ја донела врз основа на следње на принципите и чесното работење.
„Треба на таков начин да се работи, тогаш резултатите доаѓаат. Меѓутоа ако не сме принципиелни кон себе не можеме да бидеме принципилени и чесни ни кон граѓаните“, смета Шекеринска.
Шекеринска притоа смета дека се одолжила за довербата добиена од граѓаните, пред се со членството во НАТО и најбрзо завршениот процес на воена интеграција на некоја земја во Алијансата досега, како и со спроведените суштински реформи во Армијата. Сепак за тоа што ќе и остане неисполнето како министер за одбрана таа дипломатски одговори дека во армијата, како и во државата работата никогаш не завршува.
Но она за што со сигурност Шекеринска ќе жали што не се реализираше во нејзиниот мандат како министер е носењето на Законот за служба во армијата кој веќе една година е заглавен во Собранието, како и пополнување упразнетото место на воениот претставник на земјава во НАТО, кое и две години по полноправното членство останува празно, за кое шефот на државата се уште не носи одлука, а за кое Шекеринска уште пред еден месец рече дека се исполнети сите услови да биде пополнето.
Шекероинска која не сакаше денеска да каже каде се гледа по завршувањето функција, својот политички беграунд го градеше изминатите 20-на годиним во кои беше од 2006 од 2008 година беше лидер на СДСМ, вицепремер за европска интеграциија во период кога земјава го доби кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, како и два мандати како пратеник на СДСМ во Собранието во кои беше и претседател на Националсниот совет за евроинтеграции.
Во двете влади на Заев, и таа од 2017 и од 2020 година, таа застана на челната позиција во министерстовото за одбрана, добивајќи ја довербата да ја води интеграциијата на земјава и на Армијата во структурите на НАТО.
Шекеринска својата политичка кариера и во партијата, и во владата, како свој личен избор ги заврши во период од осум месеци. Таа не ја почека оставката на Заев и го најави своето повлекување само пет дена порано.
Тамара Грнчароска