Долниот дом на рускиот Парламент, Думата денеска го поддржа предлог-законот за задолжителни QR кодови потребни за пристап до одредени јавни простори во борбата против ширењето на Ковид-19.
Законот треба да помине и во Горниот дом на Парламентот. Ако тоа се случи, рускиот претседател Владимир Путин допрва треба да го потпише за да стапи во сила.
Рускиот парламент пред неколку дена соопшти дека ќе го одложи гласањето за законот кој предизвика силен отпор во јавноста.
Според нацртот, патувањето со авион или воз нема да биде возможно без приложување на QR код.