Омикрон сојот се шири со неверојатна брзина, и во некои земји веќе го надмина делта сојот, а способен е да ги избегне двете дози од вакцините. Иако и натаму го намалуваат ризикот од тешка клиничка слика и смрт. Компаниите кои ги произведоа сега се повикани да ги прилагодат за новата варијанта. Фајзер / Бионтек брза да ја прилагоди својата вакцина на новиот сој. Ветувањата се дека тоа ќе се случи за сто дена, а ЕУ веќе ја направи и првата нарачка.
Ги информирав челниците дека нашите договори предвидуваат компаниите да развијат адаптирани вакцини доколку бидат побарани во рок од 100 дена. Ве информирам дека земјите-членки се согласија да ја активираат првата транша од над 180 милиони дополнителни дози адаптирани вакцини во нашиот трет договор со Бионтек/Фајзер, изјави УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕК
Омикронот предизвика зголемен страв кај населението. Се апелира на засилена вакцинација со трета доза. Научиците објаснија дека бустер дозата не е идентична за нашиот имунитет, како и првите две дози. Заштитата која останува по третата засилувачка доза е поголема, поширока, а имунитетот повеќе ја памти од претходните две. Долги редици се чекаат за бустер дозата, а голем дел од земјите веќе ги вакцинираат и децата од пет до 12 години.
Децата имаат право да го заштитат своето здравје. Има случаи на сериозно болни, и мислам дека ниту еден родител не сака да си го види детето во оддел „Интензивна нега“ само затоа што не е вакцинирано, вели ХУЛИАН КЛЕМЕНТЕ, ПЕДИЈАТАР ВО БОЛНИЦА ВО ХЕНАРЕС
Но, уште поважна причина за вакцинацијата е да се стави крај на пандемијата. Вакцините и според СЗО се единствената алатка со која се контролира болеста. А ако продолжи со ова темпо, и покрај новите видови кои ќе се појават, крај на пандемијата ќе може да се прогласи наредната година.
2022 е година кога можеме да ставиме крај на пандемијата КОВИД-19. Сега имаме алатки кои можат да го отстранат тешкиот спектар на болести. Можеме да го намалиме морбидитетот, хоспитализацијата, тешката болест, оние на кои им треба „Интензивна нега“, оние кои умираат. Можеме да нема веќе смрт од КОВИД-19 и исто да го намалиме ширењето, изјави Д-Р МАРИЈА ВАН КЕРХОВЕ, СЗО
Студиите покажуваат дека бустер дозата ја намалува појавата на симптоми од ковид 19 за 75%. Но, таа исто така ги заштитува нашите тела и од идните соеви.
Алиса Шутиноска