Вести Свет

По неколку дена од изборот за премиер, Кирил Петков заминува во работна посета во Брисел

Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, ќе престојува во Брисел.

Ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Петков изјави дека ќе отпатува во Брисел на самит за да ги покаже приспособените први стратегии на новата бугарска Влада.

Разговорите со европските лидери ќе се фокусираат на ситуацијата во енергетскиот сектор и зголемувањето на цените на енергијата, планот за закрепнување и одржливост, борбата против корупцијата и процесот на проширување на ЕУ со Западен Балкан.

Со генералниот секретар на НАТО, новиот бугарски премиер ќе разговара за безбедносните предизвици во регионот на Црното Море и Југоисточна Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе