И во изминатите недели на удар на ковид 19 најмногу биле граѓаните кои се уште не се иминунизирани против болеста. Анализата на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 16 декември покажува дека 64.963 граѓанин во земјава, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 32% биле целосно вакцинирани. Доста висок е и процентот на невакцинирани хоспитализирани.
Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Од вкупно 2 272 починати лица со Ковид 19, само 21% биле вакцинирани.
1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, но и со Модерна и Џонсон.
Според информациите на Министерството заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани.
Данијела Билбилоска