Вести Економија Топ вести

МЕПСО побара од Регулаторна 60 отсто поскапување на цената на струјата

По ЕВН и Елекстродистрибуција и МЕПСО побара цената на струјата да поскапи. 60 отсто повисока цена стои во барањето доставено вчера во Регулаторната комсија и со кое би се покриле загубите во работењето во текот на наредната година.

Клучната причина за барањето за поскапување на струјата се загубите во преносниот систем.

МЕПСО годинава и покрај енергетската криза ќе ја заврши во позитива со околу 3,9 милиони евра профит.

Сега на потег е Регулатроната комисија од каде што за Телма соопштија дека од понеделник регулаторите почнувцаат со анализи и пресметки и во текот на наредната недела може да се очекуваат првичните неофицијални конечни пресметки околку висината на поскапувањето.

За разлика од министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими не лицитира со проценти кога станува збор за поскапувањето на струјата

Товарот за покривањето на загубите во енергетските сектор на крај ќе биде кај граѓаните

Најголемо односно двојно поскапување на цената побара Електродистрибуција додека ЕВН Хоум ги доставија само предвидените трошоци за 2022 година без да ја прецизираат висината на поскапувањето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

(Видео)„Марш за ангелите во Кочани“ – деветти собир за загинатите во пожарот во дискотеката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе