Фејсбук објави дека седум компании, од кои една е од Македонија, ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји. Другите компании се лоцирани во Кина, Израел и Индија. Според компанијата, речиси 50.000 корисници биле мета на обиди за хакерство, од компании за надзор, кои работат за владини агенции или приватни клиенти, соопшти компанијата, пренесува Дојче Веле.
Како што објавија повеќе светски медиуми, меѓу кои и Вашингтон пост, една од седумте компании е македонската компанија „Сајтрокс“, развивач на малициозен софтвер за ај-фон и андроид.
За „Сајтрокс“ се наведува дека биле отстранети 300 фејсбук и инстаграм профили на компанијата, кои биле користени за да се вклучуваат и измамуваат цели, а се наведуваат и десет држави во кои „Сајтрокс“ имала муштерии.
Софтверот на македонската фирма се викал „Предатор“. Според повеќе податоци на интернет, сопственик на компанијата „Сајтрокс“ во Македонија е Иво Малинковски.
Последниот јавно достапен податок за оваа фирма е оглас за вработување од јули годинава, кога „Сајтрокс“ барала нови работници за својот тим во Скопје. Според огласот објавен на интернет-страницата „Декра“, нивниот клиент „Сајтрокс е компанија со седиште во Израел со експертиза во дизајнирање на софтверски решенија за бизниси и влади кои помагаат во дизајнирање, менаџирање и имплементација на системи за сајбер разузнавање.Македонска